-->
-->
Изгаснат пожарот во пробиштипскиот регион
-->
Големиот пожар на сува трева, нискостеблеста и дел на дабова шума во пробиштипскиот регион е целосно изгаснат утринава во 10.30 часот.Градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов за МИА вели дека во пожарот, што почна од вчера попладне, изгореа големи површини во атарите на неколку пробиштипски села.
– Пожарникарите, резервниот состав, вработените во комуналното претпријатие, пожарникарите од Свети Николе, но и месното население од Петришино и Стрисовци беа вклучени во гаснењето на пожарот до 4 часот утринава. Месното население со механизација се вклучи и не се дозволи огнот да се приближи до селата. Проблеми правеше и ветерот, вели Анастасов.
Тој истакна дека утринава од од 7 до 10.30 часот пожарникарите и резервниот состав ги гаснеле жариштата кај селата Дренек и Зарапинци.
Надлежните дополнително ќе утврдуваат колкава површина е изгорена во пробиштипскиот регион, а се претпоставува дека и во овој случај пожарот е намерно предизвикан од несовесен граѓанин.в
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
