Арсовски: Изборот на кандидати за судии и обвинители под контрола на Заев и Рашковски
Во овој момент, додека се држи оваа прес конференција се случува еден од најголемите скандали во историјата на македонското правосудство. По рецептот на Владите на СДСМ од 90-тите години, кога се избираа по 500 судии во еден ден, актуелниот конкурс за избор на кандидати за судии и обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители е под директна контрола на двоецот Заев – Рашковски. Заев и Рашковски имаат за цел да изберат 60 судии и јавни обвинители, кои претходно самите си ги одбрале во канцеларии.
Со доаѓањето на власт на Владата на СДСМ електронското полагање на испити е префрлено во просториите на Правниот факултет во Скопје, каде што во овој момент полагаат потенцијалните кандидати за судии и јавни обвинители. Истиот тој факултет е поранешното работно место на генералниот секретар на владата. Фирмата која го спроведува ова полагање е поврзана со двоецот од владата Заев – Рашковски. Според информациите на ВМРО-ДПМНЕ, двоецот Заев – Рашковски преку системитизирана методологија влијае врз електронските резултати на кандидатите, а во текот на вчерашниот ден неколку лица директно поврзани со Заев, Рашковски и СДСМ оствариле нетипично високи резултати. Толку високи резултати досега не се постигнати откако постои Академијата.
Затоа го повикуваме Рашковски, го повикуваме и Заев да одговорат, а конкретно Рашковски дали бил и што правел на Правниот факултет, во текот на неговото работно време во Владата, токму во моментот кога полагале кандидатите блиски до него и СДСМ?
Министерката за правда, Рената Дескоска треба веднаш да одговори дали е свесна што се случува во нејзиниот ресор? Дали е свесна дека една од ретките светли точки на македонското правосудство пред Европските институции има селективен процес воден од кадровската Комисија на СДСМ? Дали е свесна министерката Дескоска за се погласните информации за земено мито за обезбедување на високи резултати од страна на двоецот Заев – Рашковски?
Бараме итна реакција од јавното обвинителство, кое по допрен глас треба уште веднаш да изврши електронска форензика и да испита како се постигнати историски високи резултати на тестовите од лицата кои се директно поврзани со двоецот Заев – Рашковски и со СДСМ.
Русковска обвинителството и Кацарска судството добиваат свое продолжение, и тоа со директна вмешаност на познатиот двоец Заев – Рашковски, и затоа одговорност мора да има за ова, и мора да има час поскоро! А, обвинителството да си ја заврши својата работа во врска со овој скандал.
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави

