Министерот Манчевски на конференција ITU Телеком ги промовира условите на државава за влез на трет мобилен оператор

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Мачевски од денеска учествува на светската конференција – ITU Телеком, што се одржува во Будимпешта, каде ги промовира условите кои ги нуди Северна Македонија за влез на трет мобилен оператор.
Во рамки на официјалната посета, делегацијата предводена од Манчевски, соопштија од Министерството за информатичко општество и администрација, ќе оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Теленор, Orange, AT&T, како и со Дорен Богдан Мартин, директорка на Телекомуникациското развојно биро на ITU и Хулин Жао, генерален секретар на ITU.
Бизнис климата во Северна Македонија и можностите кои ги дава на располагање за странски инвеститори, министерот Манчевски ќе ги презентира и на тркалезна маса, каде ќе присуствуваат претставници на повеќе оператори од Европа, како и дел од најголемите банки и регулатори од областа на електронските комуникации.
Од Министерството за информатичко општество и администрација посочуваат дека податоците со кои Северна Македонија може да се пофали во областа на ИКТ се: 862 милиони евра – вредност на пазарот на ИКТ, четири отсто придонес кон БДП, 47 отсто раст на пазарот во изминатите пет години, 18.242 вработени во областа на ИКТ, над 600 дипломирани студенти на студии од областа на IT-технологии годишно, 945 евра месечно – просечна бруто-плата во секторот за телекомуникации, 8,2 отсто раст на пазарот за софтвери на годишно ниво, 84,7 отсто раст на пазарот за хардвери и 257 нови субјекти основани во 2017 година.
Ново на Сител
-

ДЗС апелира до граѓаните пронајдените неексплодирани бомби и оружје да не ги поместуваат и веднаш да пријават до надлежните
-

Трамп го нападна Сенатот поради изгласаната резолуција против продолжувањето на војната против Иран
-

Расте фреквенцијата на ГП „Блато“, за викендот минале 26 137 патници
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
-

Средба Трамп – Руте во Белата куќа
-

СП 2026: Модриќ го одигра својот 200. натпревар за Хрватска
-

Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата
