Рускиот Авион летал над Сирија

Кремљ со сигурност знае дека рускиот воен авион Су-24, кој е урнат денеска, се наоѓал над Сирија, во сирискиот воздушен простор, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека во овој момент не би било правилно да зборува за какви било последици по руско-турските односи откако турските ловци го соборија рускиот авион.
- Не би било правилно во овој момент да давам какви било оценки, претпоставки и да изнесувам заклучоци додека не ја добиеме целата слика, изјави Песков за медиумите во Сочи.
Според неговите зборови, Кремљ со сигурност знае дека авионот Су-24 летал над Сирија.
- Сепак, се уште не сме добиле од нашето Министерство за одбрана информации за причинита за падот на авионот. Знаеме само дека се наоѓал во воздушниот простор на Сирија, над територијата на Сирија, нагласи Песков.
Тој додава дека постои можност претседателот на Русија Владимир Путин да се огласи денеска по повод инцидентот.
Песков, исто така, рече дека Кремљ не знае дали посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Турција, најавена за утре, е одложена поради инцидентот со авионот.
- Прашајте го Министерството за надворешни работи, им порача Песков на новинарите.
Ново на Сител
-

Претседателот на грчкото здружение на пожарникари: Годинава е една од најлошите, имаме 13 загинати
-

САД и Кина одржаа трговски консултации пред средбата Трамп – Шји
-

Постепено се обновува воздушниот сообраќај во САД
-

И ова сабота протести ширум Франција
-

Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец
-

Пиштол пронајден кај 15-годишен ученик во средно училиште во Тетово
-

Мицкоски: Новиот Законот за јавни набавки става крај на манипулациите и свесното уривање и одолговлекување на тендерските процедури
-

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула - од сега очекувам само раст и поинтензивен развој
