Во Куманово одбележан Денот на независноста

Голем број делегации од здружението на борци, градоначалникот, советот, од АРМ, МВР, претставници од јавни установи, институции, политички партии, здруженија на граѓани, кумановци положија свежо цвеќе пред споменикот Жена Борец, по повод Денот на независноста, 8 Септември.
Во пригодниот говор, градоначачникот на општина Куманово, Максим Димитриевски се осврна на историските моменти поврзани со создавањето на државата, клучните одлуки донесени во различните датуми од минатото до денес, кои го потврдуваат идентитетот и суверенитетот.
-Нашиот Илинден, АСНОМ и 8 Септември, се непобитни докази дека ние сме Македонци и тоа никој не може да ни го одземе. Додека сме тука да го одбележиме Денот на нашата држава, зборуваме за значењето на овој голем ден за сите нас, рече Димитриевски.
Да се пренесе пораката која што Северна Македонија во својата историја ја испраќала многупати е чест и задоволство за секој што имал можност да ги брани, да потсети и да ги прошири понатаму вредностите врз кои е изградена државата, рече меѓудругото кумановскиот градоначалник.
-Денес додека стоиме тука на овој 8 Септември треба да знаеме дека ни следи период на промени. Ни претстои процес на искажување и докажување на нашите државнички, културни, цивилизациски и политички вредности, период кога уште многу пати ќе испратиме тивка, но многу моќна порака дека државата си го зема своето место во големото европско семејство и се создава свој пат кон иднината-рече Димитриевски.
Честитајќи им го празникот на присутните упати порака од мултиетничко Куманово дека треба да се обединиме под иста визија за иднината на земјата во европското семејство.
Ново на Сител
-

Маск објави дека секое дете во САД ќе добие две акции од SpaceX
-

Александар Чупиќ ќе распише напладне избори за претседател на Србија
-

Облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови
-

Пожар во магацинскиот дел од поранешниот дисконт на „Тинекс“ во населба 11 Октомври
-

Николоски во увид на рехабилитацијата на автопатот Гевгелија-ГП Богородица: Се работи интензивно и во ноќни услови, за брзо време ќе имаме модерен влез во државата
-

Седлоски повеќе не е селектор на Македонија, спогодбено се разделија со ФФМ
-

Трамп најави нови царини, меѓу кои и за Кина и ЕУ
-

Мицкоски од Брисел: Не испорачуваме билатерални прашања, туку ги исполнуваме обврските според системот на заслуги на ЕУ
