ЛСИ: Не прифаќаме покана за изборните реформи од крадци на избори
Потпретседателот на треттата по големина политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичко движење за интеграција(ЛСИ), Петрит Васили, ја обвини владејачката Социјалистичка партија(ПС) дека е “партија која ја узурпирала земјата”.
Гостувајќи во дневникот на тиранската телевизија Ора њуз ,Васили на прашањето дали партијата ќе ја прифати отворената покана на ПС за изборните реформи категорично одговори дека од “крадци на избори нема да прифатат никаква покана”.
– Поканата доаѓа од крадци на избори. Како таква таа е покана која треба прво да се разгледа многу внимателно за да се види што има во нејзината основа. Но, кога доаѓа покана од ПС до опозицијата сигурно нема во неа ништо. ПС е најголемиот виновник што Албанија денес е без избори, изјави Васили.
Тој уште со став дека Социјалистичкара партија не ја предводи државата туку е „група која ја узурпирала”.
– Изборите на 30 јуни ги отфрли целиот народ и јасно порача дека ПС е малцинска партија. На 30 јуни почнаа да се крадат себе си. Денес треба да зборуваме и да дебатираме за да најдеме решение за државата зграпчена од т.н.преродба, каде изборите се нивна основа, но и еден од најголемите аргументи дека никогаш ПС не треба да биде оранизатор на избори, смета Васили.
Тој дава одговор и на прашањето кој може да организира избори.
-Постојат многу фактори и механизми, инструменти кои може и треба да се активираат околу ова прашање, но тоа не може да биде поката од ПС. Ќе учествуваме на сите средби каде ќе има соодветни, сериозни и независни модератори, кои веруваат во слободни и фер избори, рече Васили.
Тој посочи дека тоа може да биде ОБСЕ, други меѓународни партнери и организации, држави- партнери кои имаат голем авторитет во Европа.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
-

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина
-

Во Исар Марвинци откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола

