-->
-->
Пијанечко-малешевска свадба во Делчево
-->
Во Делчево се одржува 13. манифестација „Пијанечко-малешевска свадба”, во организација на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“. Под превезот на старите свадбарски обичаи, денеска на стар автентичен својата љубов ја крунисаа младите Наталија Богатинова и Александар Петровски од Делчево.
На почетокот од денешните активности, тие беа примени од градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој посакувајќи им долг и среќен заеднички живот, им врачи парична награда на младите.
-Во оваа пригода сакам да го истакнам значењето на почитувањето на традицијата, која го чува нашиот идентитет, посебно свадбарските обичаи од Пијанец, кои под влијание на новото време се во опасност од исчезнување. Традиционалната Пијанечко-малешевска свадба ги афирмира и чува од заборав свадбарските обичаи од нашиот крај. На младоженците им посакувам долг и среќен заеднички живот и многудетно семејство, рече Трајковски.
На приемот кај градоначалникот, освен младите и сватовите, денеска беа и делегации од културно-уметнички друштва од Јагодина, Бургас и од Турција.
Свадбарските адети ќе продолжат за време на свадбарскиот ручек, а на летната сцена фолклористи од земјава и странство ќе настапуваат на 43-иот Меѓународен фолклорен фестивал. Саемот на храна, кој е инкорпориран во оваа манифестација со цел да се афирмираат и старите делчевски рецепти за храна e во организација на „Тернипе-МК“ со поддршка на Општина Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии

