Атанасов: За расни маторици 24.000 денари, за прасиња 120
По пазарна цена ќе се откупуваат свињите од индивидуалните фарми кај кои нема или не се запазени основните биосигурносни мерки. Според директорот на АХВ, Зоран Атанасов, целта е сточарите да не бидат оштетени, да се намали ризикот од африканска чума, но и максимално да се искористи економскиот бенефит од преземањето и колењето на грлата.
Разликата во цената, онаа што ја дефинира АХВ и онаа што кланичарите ќе ја платат (нешто пониска од пазарната), одгледувачите на свињи ќе ја добијат во два наврата. Еден дел ќе им биде исплатен во рок од пет дена, а останатиот дел во рок од 30 дена.
– Свињите ќе се откупуваат според упатството и ценовникот што го има донесено АХВ, усогласен со цените на домашниот пазар. За расна маторица ќе се исплаќаат 24.000 денари по грло, за мелези 16.000, додека за расна маторица со неодбиени прасиња 30.000 денари, а за мелези со неодбиени прасиња 22.000 денари. За гоеници тешки 80 – 120 килограми се предвидени по 100 денари за килограм, за гоеници над 120 килограми по 80 денари за килограм, за расни нерези 24.000 денари по грло, а за мелези 16.000. За расни назимки ќе се плаќаат 170 денари за килограм, а за мелези 120 денари. За прасиња тешки 10 – 25 килограми ќе се даваат 170 денари по килограм, а за прасиња од 25 – 80 килограми 120 денари по килограм. Ова се всушност пазарните цени, цените на сточните пазари, по кои ние ќе ги откупуваме свињите од домашните фарми, нагласува Атанасов за МИА.
Месната индустрија со која АХВ минатата недела потпиша договори, ќе го презема месото по нешто пониски цени од овие (по кои ќе откупува АХВ), зашто кланичарите треба да појдат на терен со возило, да однесат ваги, да ангажираат луѓе, да го преземат месото и да го преработат, што значи дополнителен трошок.
-Со кланичната индустрија е договорено, онаа количина месо што ќе ја откупат од АХВ да им ја исплатат веднаш на одгледувачите и директно на трансакциска сметка, за да не се губи време со административни постапки и процедури, а останатиот дел ќе го исплати АХВ во рок до 30 дена. Целта е сточарите веднаш да ги добијат финансиските средства, најдоцна во рок од пет дена. Тоа стои во договорот со месната индустрија што го потпишавме минатата недела, информира директорот.
Предавањето на свињите од, на некој начин ризичните фарми, според Атанасов, ќе биде обврзно.
-Само во ваков случај државата би била помлаку оштетена, би потрошила помалку финансиски средства, отколку ако се појави болеста. Тогаш би морале да се убијат сите грла и наместо да се преработат, ќе завршат во дупка. Тоа, пак, подразбира дополнителни трошоци, за дезинфекција, копање, ангажирање механизација. А каде се забраните за движење на свињите, забраните за извоз на нашите производи, можното загадување на околината. Оттука, со колењето го намалуваме ризикот од појава на болеста, но и штетите се помали сега, објаснува директорот на АХВ за МИА.
Ново на Сител
-

Верстапен се искачи на второто место во историјата на Формула 1 по најмногу победи со еден тим
-

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
-

Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
-

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година
-

Трамп не верува дека Кина и Русија му помагаат на Иран

