Штип бара инвеститор за Спортско рекреативниот центар „Суитлак“

Општина Штип бара инвеститор за изградба на Спортско рекреативниот центар „Суитлак“, откако советниците на Општина Штип едногласно ја изгласаа одлуката за јавно приватно партнерство за овој проект.
Александар Кангалов вработен во Општина Штип вели дека станува збор за инвестиција од 4,6 милиони евра, од кои 38 отсто се обврска на Општината, а останатите 62 отсто на приватниот партнер, а ќе се простира на површина од 64.000 метри квадратни.
–Приватниот инвеститор ќе ја има целата обврска да го проектира, изгради и менаџира за одреден период спортско-рекреативниот комплекс и по истекот на тој период треба да биде предаден во соодветна состојба и финансиска и од градежен аспект во состојба онаква каква што треба и да се предаде во сопственост на Општината, вели Кангалов.
Инвестицијата се враќа за 12 години и толку време со објектот ќе стопанисува приватниот партнер, период за кои на општината ќе и се плаќа концесија.
–Од аспект на концесиски надоместок е предвиден приход од 360.000 евра, но во условите наведени за спроведување на вакво јавно приватно партнерство ние предвидуваме и хотелско сместување за периодот на „Макфест“ каде што гостите ќе бидат сместени во тој хотелски комплекс и е предвиден приход односно заштеда на општината од околу 280.000 евра, рече Кангалов.
Следните фази би биле согласност од Влада и довршување на делот за просторно планирање и објавување тендер. Спортско рекреативниот центар „Суитлак“ треба да се протега од паркот К’ртеќе до викенд населбата Суитлак , а во него предвидено е изградба на фудбалски терен, детски игралишта, угостителски објекти и мали сместувачки капацитети.
Ново на Сител
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
