Пренасочување на сообраќајот на влезот од Куманово, поради изградба на кружен тек
Општина Куманово, денеска ги информираше граѓаните дека во наредниот период ќе има континуирано пренасочување на сообраќајот на крстосницата на улиците „11 Октомври“ и „Трета МУБ“, на влезот во Куманово, бидејќи на оваа локација, неодамна почна изградбата на кружниот тек во градот.
– Општина Куманово апелира до граѓаните да се прилагодуваат и придржуваат на новонастанатата сообраќајна ситуација во наредниот период, односно до завршување на изградбата. Целта е со модерни сообраќајни решенија да се намали метежот во сообраќајот, информираат надлежните од општината.
Изградбата на кружниот тек влегува во рамки на развојната програма на Општина Куманово заедно со изградба и реконструкција на улици. Од општинскиот буџет одвоени се 19,7 милиони денари за изградба на првиот кружен тек во градот. Изведувач на работите е фирмата „Кооп инжинеринг“ која согласно договорот треба да ја заврши изградбата за три месеци.
Ново на Сител
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
-

Кремљ: Американската идеја за слободна економска зона во Донбас е тешко остварлива
-

Њујорк тајмс: САД ги враќаат дипломатите во претставништвата на Блискиот Исток

