Семејно насилство во Штип - две жени претепани од сопрузите

Секторот за внатрешни работи-Штип регистрираше два случаја на насилство врз жени. Во првиот случај, рано утринава во шест часот во Полициската станица во Штип 46 годишна жена пријавила дека околу четири часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Т.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова во соопштението до медиумите вели дека се работи на расчистување на случајот, по што за сторителот ќе биде поднесена сооддветна пријава.
- Во текот на вчерашниот ден во 19:00 часот во Полициската станица Штип, 22 годишна жена од Штип пријавила дека истиот ден околу 16:30 часот во нејзината куќа во Штип била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг 27 годишниот С.Д. од Штип, посочи Панајотова.
Таа додаде дека се работи и на расчистување и на овој случај.
Ново на Сител
-

Зеленски повторно побара Украина да стане членка на НАТО
-

Мерц ја повика Русија да запре со „опасните провокации“ откако паднаа три ракети во Полска
-

Татко и син истепале лекар и медицинска сестра во поликлиника „Јане Сандански“
-

Битолчанец ѝ се заканувал со смрт на сопругата со која се разведува
-

На 17 години заминал во Канада, работел на фарма и чистел котли во пилана – денес Илон Маск е најбогатиот човек во светот
-

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски
-

Мицкоски: Најмалку 10% од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20% пониска цена за млади брачни парови
-

Стотици училишта во Германија и во Данска добиле заканувачки пораки: „Ве чека смрт“
