Вук Драшковиќ: Србија не може во ЕУ преку Москва

Претседателот на Српското движење за обнова (СПО) и поранешен министер за надворешни работи на СРЈ, Вук Драшковиќ, во авторски текст за весникот Данас ја критикуваше намерата на властите за приклучување на Србија во Евроазиската унија.
Тој потсети дека од падот на Слободан Милошевиќ, програмска цел на сите српски влади е членството на Србија во Европската унија и запраша „до каде дојдовме”.
-Сите говорат дека патуваме кон Брисел, а патувавме во спротивна насока. ЕУ е далеку, а уште во октомври ќе се приклучиме во Евроазиската унија. Ова е успех, велат тие, затоа што на пазарот во Евроазиската унија живеат 180 милиони луѓе, пишува Драшковиќ, повторно прашувајќи се дали е се така.
Тој цитира бројки кои говорат дека Србија извезува повеќе во БиХ отколку во Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Ерменија заедно, кои ја сочинуваат Евроазиската унија, а кон нив ја додава и Кина.
-Земјите на ЕУ донираа, и подарија на Србија повеќе од три милијарди евра, а Соединетите Американски држави една милијарда. Граѓаните во Србија тоа не го знаат. Им веруваат на медиумите – од Западот стигаат само закани и уцени, а Русија и Кина се донатори и добродетели, иако подароци од овие земји нема, наведува Драшковиќ, додавајќи дека, меѓу другото, Србија со тоа ризикува да изгуби милијарди евра донации, субвенции и грантови од претпристапните фондови на ЕУ.
Според Драшковиќ, Србија ризикува и цивилизациски раскол со своите граѓани кои живеат на Запад, кои само во земјите на ЕУ ги има околу два милиони.
Ново на Сител
-

Земјотрес од 4,5 степени почувствуван на југот на Албанија
-

Силно невреме го зафати вчера Кочани, делови од градот останаа без струја
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Ставен под контрола пожарот во Преспа кој навлезе во Националниот парк Пелистер
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
