Сугарески: Со ребалансот не се намалуваат, туку се пренаменуваат средствата од кредитната линија на Европската инвестициска банка

Со ребалансот на Буџетот нема намалување на висината на средствата наменети за проектите што ги реализира Министерството за транспорт и врски, туку се работи за пренасочување на парите кои се добиени од кредитната линија од Европската инвестициска банка за железничката инфраструктруа и за водоснабдителните системи.
– Кај водоснабдителните системи станува збор за проекти што досега требаше да ги достават некои од општините, но не успеаја, поради што до крајот на годината не ќе можат да ги потрошат планираните средства. Износот за таа намена ниту е намален, ниту ќе биде пренаменет за друго, односно кога ќе ги добиеме тие проекти во текот на наредната година, веднаш ќе се пристапи кон нивна реализација. Кај железничката инфраструктура, на сметката на Министерството остануваат тековните средства за изградба и одржување, а околу една милијарда и 300 милиони денари од кредитната линија се префрлаат за наредната година. Причина за тоа е што доцна беше склучен анексот за првата делница на пругата од Куманово до Бељаковце. Сепак, она што е исклучително важно е што од јуни беше интензивирана динамиката и во плаќањата и во техничката реализација, така што овие средства од кредитот ќе бидат искористени. Очекуваме оваа делница да биде завршена до крајот на првата половина од наредната година, а потоа веднаш ќе почне и втората делница од Бељаковце до Крива Паланка, истакна министерот Сугарески по увидот во рехабилитацијата на обиколницата на Кочани.
Според Сугарески, евалуацијата на проектот за железничката инфраструктура трае подолго, согласно правилата на банките, па се очекува таа да заврши до крајот на годинава и догодина да започне реализацијата на терен. Притоа тој додаде дека во делот на изградба на патиштата, на гасификацијата и на останатите проекти, Министерството за транспорт и врски продолжува со планираната динамика и има висок процент на реализација, што се очекува да достигне сто отсто.
Ново на Сител
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
-

СП 2026: Меси најдобар по групната фаза
-

Приведен маж од скопско поради сомнение за сторено убиство, во врска со случајот приведени се уште три лица
-

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово
