ВМРО-ДПМНЕ: Економијата тоне, буџетот наместо развоен, насочен на непродуктивни трошења

Економијата тоне, а Заев и Ангеловска наместо развоен буџет, вчера стокмија популистички буџет, кој е насочен на непродуктивни трошења и предизборна корупција.
Само според Заев и Ангеловска блескаме. Реалноста е сосема поинаква. Бројот на СДИ, никогаш не бил понизок. СДИ бележат огромен пад, имено во период јануари – јуни оваа во однос на ланската година имаме пад од 84.2% и тоа кога во земјите од регионот имаме рекордни инвестициски циклуси.
Катастрофална е ситуацијата и во економијата. Бројот на работници во индустријата во јули оваа година во однос на јули лани е паднат за 2.5%, односно на секој 100.000 работници, сега имаме 2.500 помалку.
Лоша е ситуацијата и во градежништвото. Како и во нивото на реализација на капитални инвестиции, чија бројка за првите 7 месеци е очајни 24.5%.
Зоран Заев и Нина Ангеловска не нудат мерки за решавање на овие проблеми, туку ги продлабочуваат. Затоа и се потребни итни предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-

Мицкоски: За две години остварени околу 1,4 милијарди евра странски инвестиции, разликата со претходната влада е огромна
-

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на УНОДЦ: Борбата против дрогата да се води со координиран пристап
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
