Прилепското ОУ „Кочо Рацин“ воведе продолжен дневен престој

Со почетокот на новата учебна година прилепското основно училиште „Кочо Рацин“, во центарот на градот, денеска го стави во употреба продолжениот дневен престој чиј сместувачки капацитет е доволен за триесетина ученици.
Директорката на училиштето Зора Чадамова вели дека продолжениот дневен престој ќе им биде од корист на родителите, кои поради обврските имаат проблем со згрижување на децата во периодот кога тие не се на училиште.
-Ставањето во функција на продолжениот дневен престој е на барање на родителите, кои поради обврските имаат проблем со згрижување на децата во периодот кога тие не се на училиште, рече Чадамова.
Нагласи дека имаат и реконструктивни зафати во училиштето.
-Покрај продолжениот дневен престој, во нашето училиште во тек е реконструкција на целиот трет кат со средства од локалната самоуправа, на фискултурната училница и на повеќето училници каде имавме потреба од тоа. Исто така, работевме и на спуштање на таваните, бојадисување на ѕидовите, промена на подовите за поголема енергетска ефикасност, за чисто училиште во кое децата ќе ја следат наставата, објасни Чадамова.
Истовремено, за полесно и поефикасно реализирање на наставата, додаде, училиштето набавува и современи нагледни средства – смарт-табли, телевизори и проектори.
Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, кој присуствуваше на ставање во употреба на продолжениот дневен престој и им го честиташе почетокот на учебната година на учениците, сѐ е во функција на подобри услови во наставниот процес.
-Новиот дневен престој ќе работи од 8:00 до 16:00 часот, што значи дека ќе може да го користат учениците од двете смени. Ние како локална самоуправа се грижиме и за децата во основните и во средните училишта, издвојуваме средства за уредување на инфраструктурата, за реновирање на училниците и тоалетите, за набавка на нагледни средства и за сѐ што е потребно за воспитно-образовниот процес. Освен за отворање на продолжениот престој, оваа година издвоивме околу три милиони денари за реконструкција на подовите и таваните во неколку училници, за спортската сала и со исто темпо ќе продолжиме и во другите училишта, рече Јованоски.
Ново на Сител
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
-

Истрели од огнено оружје во Арачиново, повредени две лица
-

Поставена и осветена биста на Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце
-

Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица
-

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл
