Општина Гевгелија донира парични средства за санација на опожарената зграда
Советот на Општина Гевгелија донесе одлука за донирање на 400.000 денари од општинскиот буџет кои ќе бидат наменети за санација на опожарената зграда во Гевгелија на 30 јули годинава.
Со одлуката се предлага парите да бидат издвоени за реконструкција на целиот станбен простор од шестиот кат на зградата, со вкупна површина од околу 300 метри квадратни, каде со сета покуќнина и опрема изгореа четири стана во сопственост на физички лица и два стана на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.
Претходно,веднаш по пожарот Општина Гевгелија за оштетените семејства обезбеди првична парична помош во височина на една просечна плата,времено сместување на станарите кои останаа без покрив над главата, неколку работни акции за расчистување на опожарениот простор, како и неколку хуманитарни акции за собирање парична помош.
Ново на Сител
-

МВР: Приведени три лица, расчистено пукањето од 8 август во тетовскиот регион
-

„Вашингтон пост“: Трамп тајно ја напуштил Турција со трет авион поради иранска закана
-

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
-

Град во Италија воведе казни до 500 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ја исчистат нивната урина
-

Во четврток и петок пониски температури и нестабилно, со пороен дожд и грмежи
-

Бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња во Кисела Вода
-

Дронови над главниот град на Русија и откажани летови, се огласи градоначалникот на Москва
-

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 164 загинати

