-->
-->
Осум деца починаа по вчерашниот напад во Кина
-->

Вкупно осум од десетте ученици кои беа хоспитализирани по вчерашниот напад во Кина, починаа, соопшти денеска локалната полиција.
Нападот се случи во утринските часови во основно училиште на првиот ден од училишната година во градот Енши, во централната кинеска провинција Хубеи.
Сите повредени ученици беа итно хоспитализирани, но само две деца го преживеаја нападот. Полицијата досега не откри каков вид напад е извршен, дали напаѓачот имал оружје и кои биле мотивите да ги нападне децата.
Според локалните медиуми, мажот не бил женет и претходно му било судено за обид за убиство. Полицијата засега не ги потврди овие информации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје
-

Гостиварец се обидел да нападне човек со моторна пила, па бил нападнат со дрвен предмет
-

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница
-

Тошковски: Придобивките од „One Stop“ веќе се видливи, на Табановце се чека околу 30 минути
-

Поранешниот потпретседател за респираторни истражувања во Фајзер: Ковид вакцините се токсични
-

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втора половина на 2027
-

УХМР: Дожд во вечерните часови и во текот на утрешниот ден, следува заладување
-

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија
