Изменет сообраќаен режим до четврток поради „ФИС ролер ски куп“
На 03, 04 и 05.09.2019 (вторник, среда и четврок) од 09.00 до 11.30 часот, ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници поради одржувањето на меѓународната спортска манифестација „ФИС ролер ски куп“.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај информира дека во организација на Скијачката федерација на РСМ, Клубот за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик Скии“, Град Скопје и Општина Карпош, трасата на движење за „ФИС ролер ски куп“, е од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ до крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Љубљанска“ (десна коловозна лента гледано во насока од исток кон запад) во Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.
Ново на Сител
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија

