Јаулески: Над 4.000 студенти уште не се сместени во студентските домови

Денеска официјално требаше да почне вселувањето на студентите во студентските домови на територија на Град Скопје. Како што гледате не само што вселувањето не е почнато, туку МОН и Студентскиот центар се уште ги немаат објавени списоците за примени студенти.
МОН и Студентски центар, иако со конкурс сами се обврзаа дека списокот на примени студенти ќе биде објавен на 30 август, тоа го немаат направено. И три дена потоа ни трага, ни глас.
Очигледно Дарио Николовски беше презафатен со вработувањето на брат му во МВР, за што побрза да објави и слики на социјалните мрежи, а студентите ги стави во втор план.
Брат му на Дарио важно е вработен во МВР и ќе зема плата од македонските даночни обврзници, од вас и од вашите родители, а за тоа што вие нема кај да спиете во екот на септемвриската испитна сесија за власта очигледно и не е толку важно.
Над 4.000 студенти нема кај да се сместат и останаа на улица.
Власта доцни со сместувањето и за тоа некој треба да сноси одговорност. Особено што ваквиот случај со СДСМ стана пракса. Со списоците се доцнеше и лани.
Власта е неспособна да изврши најобично сместување на студентите.
Дали со ова се потврдуваат сомнежите на студентите дека со доцнењето на списоците всушност се чекаат партиските списоци за тоа кој треба да биде примен, а кој не?
МОН и Студентски центар мора најитно да одговорат. Кога ќе им биде обезбедено легло на студентите за да не мора во текот на септемвриската сесија да патуваат секојдневно од своите краишта!?
Време е да преземете одговорност за вашата неспособност! Одговорност мора да има!
Ново на Сител
-

Николоски: Ветивме дека Градскиот воз ќе почне на 1 септември и така се случи
-

Јаневска: Училиштата да ги следат протоколите за постапување кога температурите се превисоки
-

Јаневска за затворањето училишта: Ова се болни реформи, но во моментов сме во критична ситуација
-

Четвртоодделенците во Аеродром и годинава добиваат таблети, првите 30 им ги врачија министерката и градоначалникот
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето не подлежи на кривична одговорност - 30 дена притвор за неговиот брат
-

Со симболично патување означен почетокот на Градскиот воз кон Зелениково
-

Миодраг Божовиќ – Гроф нов тренер на Вардар
-

Албанија го губи првото место во Европа по зголемување на туристичките ноќевања
