-->
-->
Трамп разговараше со републиканците и демократите за оружјето
-->

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со републиканците и демократите за можни правни чекори во врска со контрола на оружјето, по уште едно масовно убиство во Тексас.
Тој истакна дека најновиот оружен напад не променил ништо во подготовките на пакетот закони за оружје, кои се во тек.
Трамп додаде дека не верува оти безбедносни проверки на оние кои купуваат оружје би ги спречиле нападите. Бројот на жртвите во саботниот напад во Одеса во западниот дел на Тексас се зголеми на седум, а полицијата наведува дека барем уште едно од повредените лица се наоѓа во животна опасност. Во нападот се повредени повеќе од 20 луѓе, а напаѓачот е убиен од полицијата.
Саботниот напад во Одеса е 25-то масовно убиство во САД од почетокот на годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Москва ја исклучува ЕУ од преговорите за Украина: Кремљ не гледа никаква корист од нејзиното учество
-

Над 47.000 жени и девојчиња убиени од најблиските во светот во 2025 година
-

Ѓорѓиевски: Паркот„Жена-Борец“ ќе добие изглед достоен за неговото место во срцето на Скопје
-

Средба Мицкоски-Варнс: Разговаравме за македонско-американските односи, стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка
-

Клековски: Македонците плаќаат повеќе за да си го уништат здравјето отколку за да го зачуваат, 600 евра за цигари - 500 за здравствено осигурување
-

Австралиски и германски научници првпат открија планини под Антарктикот
-

Сослушани само двајца од седум повикани сведоци за „Пулс“
-

Јаневска: Формиравме работна група за новиот модел на субвенциониран студентски оброк
