Мицкоски: Плаќањето придонеси за повисоки плати е за продолжување на кариерата на Заев
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оцени дека со предлог законот со кој што државата ќе ги плаќа придонесите за пензиско-инвалидско осигурување ако работодавачот го зголеми примањето за дополнителни 6.000 денари владејачката СДСМ и премиерот Зоран Заев прават директен упад во законите и Уставот.
Според Мицкоски, мерката е за продолжување на политичката кариера на Заев и неговите соработници, а работниците нема да добијат зголемени примања.
– Ова е чиста статистичка операција за да ја подобри страшната цунами политика на СДСМ, затоа што работниците 100 – те евра, што до сега ги добивале на рака од работодавачите кои не го почитувале законот и работеле спротивно на законот, сега ќе ги добиваат жирално на сметка, а придонесите ќе ги плаќате вие, рече Мицкоски.
Тој ги критикуваше состојбите во економијата потенцирајќи дека не се оствариле најавите на власта за економска офанзива и за економска година.
Презентирајќи ги одделно економските параметри наведе дека од почетокот на годината заклучно со вториот квартал странските инвестииции изнесуават 48,7 милиони евра, а во мај и јуни, како што нагласи, имаме дури и одлив, негативно салдо на странските дирени инвестиции.
Кај капиталните инвестиции, дополни, од предвидените 420 милиони евра за оваа година во првите седум месеци заклучно со 31 јули инвестирани се нецели 105 милиони евра или некаде околу четири пати помалку од тоа што беше предвидено на почетокот на годината.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека има намалување и на бројот на работниците во индустријата, оценувајќи дека во градежништвото има економско „цунами“ и „фијаско“ со намален обем на извршени градежни работи од домашните фирми во странство и на издадени одобренија за градење.
– Во периодот јануари-јули Управата за јавни приходи успеала да наплати 46,7 милијарди денари или тоа е за 8,57 проценти помалку од планираните 51,1 милијарди денари, за тој период од годината. Или наместо зголемувањето од 9,02 проценти, сега имаме зголемување од 0,02 проценти во однос на 2018 година, рече, меѓу останатото, Мицкоски
Ново на Сител
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
-

Германски државјанин поседувал марихуана при влез во државава
-

На скопјанка од Аеродром возилото и било оштетено од заталкан куршум

