КСС со подршка за штрајкот на СОНК

КСС во минатото постојано укажуваше на лошата состојба на вработените во јавниот сектор. Своето незадоволство гранските синдикати го искажаа низ низа протести особено во првата половина на оваа година. Барањата се исти, усогласување на платите согласно покачувањето на минималната плата за 25%, К-15 за вработените во јавниот сектор.. Предочивме и на лошиот социјален статус на нашите членови, но очигледно надлежните останаа глуви. Платите на министрите се усогласија согласно законите, но не и платите на вработените во јавниот сектор, иако законот го предвидува тоа. КСС и гранските синдикати најавуваа дека ќе го радикализираат своето делување, но Владата повторно остана глува. Затоа КСС одлучно стои позади барањата на СОНК и со сите свои ресурси и логистика го поддржува штрајкот. Просветните работници се понижени со своите лични примања најниски во регионот и во Европа. Просветните работници заслужуваат повеќе, заслужуваат почит и треба да бидеме свесни дека тие се ‘рбетот на едно општество, а тој во моментов е загрижувачки искривен.
Без заслужената плата, без мотивиран професор не можеме да очекуваме резултати во иднина, не можеме да очекуваме здрави генерации кои треба да ја водат нашата држава. Затоа ги повикуваме и родителите да искажат силна солидарност спрема вторите родители на нивните деца и одлучно да ги поддржат наставниците да се изборат за статусот кој го заслучуваат.
Членови на СОНК, КСС со сите грански синдикати е со Вас и Ве поддржуваме да издржите во овие тешки моменти за Вашата професија. Сите заедно, се разбира на чело со Вас, покажавме дека синдикалното движење сеуште постои и затоа со цела енергија и ресурси, со стремеж за подобар живот и почитуван наставник, Ве повикуваме на 2ри септември, сите заедно, ние, вие и родителите да го поддржиме штрајкот и покажеме единство и истрајност за почитувањена вашата професија.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
