Скопје ќе добие „pumptrack“ полигон
Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите ќе имаат можност да ги покажат своите вештини на новиот „pumptrack“ полигон што го изгради Градот Скопје на површината пред Олимпискиот базен „Центар“. Полигонот претставува сплет на кривини и контури кои овозможуваат забавна, но пред се, безбедна спортска активност.
На отворањето на полигонот, денеска во 18 часот, ќе присуствува скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Предвидениот полигон почна да се гради во јуни годинава. Има вкупна површина од 1.690 квадратни метри и е поделен на два дела – детски полигон со површина од 290 квадратни метри и полигон за возрасни со површина од 1.400 квадрати. Детскиот полигон е специјално прилагоден за деца, за почетници и за лица во инвалидски колички. Тој е одделен од полигонот за возрасни и е составен од помали контури и кривини со што е овозможено безбедно возење. Полигонот за возрасни, пак, има различни елементи – двојни и тројни контури, скокови, брзи кривини и друго, кои овозможуваат поискусните да ги подобрат своите вештини.
Полигонот е погоден за сите типови и големини на велосипеди, ролери, скејтборди, како и за лица во инвалидска количка.
Градските власти изразија надеж дека овој простор кој досега беше неуреден, наскоро ќе стане ново и уредено катче со зеленило, урбана опрема и содржини за забава.
Ново на Сител
-

Во Белгија едно од 20 деца го повторува првото одделение
-

Реките во БиХ се на работ на пресушување поради високите температури
-

За една седмица 75 нови случаи на вирусот западен нил во Грција и шестмина починати
-

Полициските службеници изминатите три дена констатираа 1621 сообраќајни прекршоци, приведени 43 лица
-

Герасимовски: Почнуваме есенска офанзива низ сите маала во Центар
-

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина
-

Секојдневно се мие просторот околу контејнерите, велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје
-

Долгоочекуваното судење на наводниот организатор на нападите од 11 септември закажано за 2028 година

