Авионскиот превоз со најголем раст на патници и стока
Воздухопловниот превоз и на патници и на стока, бележи најголем раст, споредено со останатите видови транспорт, во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава, како и во однос на вториот квартал лани, а зголемувањето кај каргото достигнува до 72,8 процента, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
За 11,7 проценти е зголемен бројот на патници на домашните и меѓународните автобуски линии во вториот квартал споредено со првиот квартал годинава, но во однос на вториот квартал од минатата година има намалување за 20,3 проценти. Во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава во градско – приградскиот превоз имало за 1,3 проценти повеќе патници, а за 1,8 проценти помалку споредено со вториот квартал лани. Раст од 13,1 процент бележи железничкиот превоз во вториот квартал во однос на првите три месеци од годинава, а во воздухопловниот за 41,5 проценти, а споредебно со вториот квартал лани има намалување од 0,7, односно зголемување за 15,1 процент.
Кај товарниот превоз, во вториот квартал, споредено со првото тримесечје од годинава, статистиката бележи раст од 4,4 проценти на количеството превезена стока во патниот превоз, кај железничкиот за 13,5 проценти, а во воздухопловниот за 72,8 проценти. Споредено со вториот квартал лани, количеството на превезена стока во товарниот патен превоз е намалено за 17,9 проценти, во железничкиот превоз е зголемено за 2,9 проценти, а во воздухопловниот превоз за 62,4 проценти
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ

