Варвициотис до Османи: Целосна имплементација на Преспанскиот договор за поддршка за евроинтеграциите

Алтернативниот министер за надворешни работи на Република Грција, задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, преку писмо до вицепремиерот Бујар Османи најави поддршка за европските интеграции на земјава, нагласувајќи дека императив е целосната имплементација на Договорот од Преспа.
-Процесот на европски интеграции на земјите од Западниот Балкан претставува стратешки приоритет на Република Грција. Во таа насока, ние го поддржуваме и процесот на евроинтеграција на Република Северна Македонија, во согласност со предвидените услови и на основа на сопствените заслуги, за што целосната имплементација на Преспанскиот договор претставува императив, пишува Варвициотис во писмото до Османи.
Како што соопшти СЕП, во писмото од грчкиот алтернативен министер Варвициотис, наскоро се најавува и билатерална средба меѓу претставниците задолжени за европски прашања на двете земји.
Претходно, вицепремиерот Османи упати писмо во Варвициотис во кое му ја честита функцијата и изразува надеж за продолжување на соработката.
Ново на Сител
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
-

Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност
-

Родители во Ресен со дрвен предмет ја тепале својата 15-годишна ќерка
-

Од мотор во движење пукано кон „ауди“ кое го возел 34-годишен кумановец
-

Герасимовски: Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ привремено ќе следат онлајн настава
-

Фатен крадец во Државна болница, нападнал вработена која се обидела да го спречи
