Пецас: Познати се нашите позиции во однос на соседите и Западен Балкан

Нашите позиции, како и позициите на нашите партнери се познати во однос на политиката што ја следиме за Западен Балкан и за соседите, рече портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето дали Договорот од Преспа е тема на средбите на грчкиот премиер како на онаа во Париз минатата седмица со Макрон, така и на следната во Берлин со Меркел, јави дописничката на МИА од Атина.
Пецас рече дека тие ја имаат кажано политиката што ќе ја следат за Западен Балкан и за нивните соседи.
-Мислам дека никој не изненадуваме со нашиот став. Нашиот став и нашата позиција се познати како и на нашите партнери, рече Пецас.
Мицотакис задутре заминува за Берлин каде што ќе оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел и со заменикот канцелар и министер за финансии Олаф Шолц.
-На агендата разговори вклучени се економијата, бегалското/мигрантското прашање како и привлекување инвестиции со акцентот на енергетиката, рече Пецас.
На новинарско прашање дали на средбата Меркел- Мицотакис ќе стане збор и за турските провокации, Пецас одговори дека „на ваките средби се разговара за сите билатерални и меѓународни теми” и додаде дека „секако ќе се разговара и за ова прашање”.
Во однос на минатонеделната средба во Париз на грчкиот премиер со францускиот претседател Емануел Макрон, портпаролот на владата на Грција рече дека била одржана во одлична клима.
Ново на Сител
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
-

УЕФА ќе го тужи Инфантино
-

Попладне наместа услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Во време на премрежија ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри да истраеме на патот на доброто
-

Два светски рекорди на атлетскиот митинг во Цирих
-

Тројца македонски државјани загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Словенија
