Десет лица повредени во сообраќајки во Скопје

Во Скопје изминатото деноноќие се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои во девет се повредени вкупно 10 лица. Потешко се повредени три лица во три сообраќајки, а полесно седум лица во шест сообраќајки.
Според дневниот извештај на СВР Скопје, со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко возило, еден возач на мопед и еден возач на мотоцикл.
Сообраќајната полиција санкционирала 45 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклуечни девет лица кои возеле пред да добијат возачка дозвола, две лица под дејство на алкохол и еден возач почетник, како и девете нерегистрирани возила.
Изминатото деноноќие евидентирани се и осум возачи кои зборувале на мобилен телефон, шест возачи кои не носеле сигурносен појас и 12 возачи на мотор, мопед или мотоцикл кои не носеле заштитен шлем.
Сообраќајната полиција издала 37 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 39 возила.
Ново на Сител
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
-

Најмалку 27 луѓе загинаа при руски напад врз Буча
