-->
-->
Рудник САСА со нови 10 стипендии за студентите на УГД
-->
Рудникот за олово и цинк САСА и годинава ќе стипендира студенти од насоките поврзани со развојот на рударството на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Обезбедува 10 стипендии за студентите запишани на прва година во учебната 2019/2020 година, од кои пет за студиската група Рударство и пет на групите Геологија и Инженерство за заштита на животна средина. Годишните стипендии, како што информира генералниот директор Олег Телној, се зголемени во однос на минатата година и се со висина од по 600 евра.
-Во текот на студиите овие студенти дополнително ќе можат да се запознаат со работата на Рудникот САСА и да се стекнат со првично искуство за тоа како функционира еден современи одговорен рудник. Покрај финансиската поддршка во текот на студирањето, компанијата остава можност најдобрите од стипендираните студенти да бидат вработени во компанијата по завршувањето на студиите, вели Телној.
Тој додава дека компанијата ќе ја продолжи соработката со Факултетот, со цел стимулирање на талентираните млади луѓе во насока на определување за рударската индустрија.
-На тој начин сметаме дека студентите ќе бидат помотивирани за стекнување научни, но и практични знаења во текот на студиите. Со ваквите активности дополнително додаваме аргументи младите својата иднина да ја гледаат дома, во својата средина, вели Телној.
Како што рече, рудникот за олово и цинк САСА кој е во сопственост на Централ Азија металс (Central Asia Metals PLC) и која котира на Лондонската берза има долгорочни планови за развој на рудникот и на општествено одговорни проекти важни за просперитетот на локалната заедница и на економијата.
Сите заинтересирани кандидати за овие стипендии можат дополнително да се информираат на Факултетот за природни и технички науки при УГД – Штип, како и во локалната канцеларија за комуникација со јавноста на САСА во Македонска Каменица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

АХВ работи на нова одлука за надоместоците на ветеринарните друштва, тие се жалат дека се во тешка финансиска состојба
-

Секој петти Европеец страда од ментално заболување
-

2.916 парчиња пиротехнички средства пронајдени во локал во Тетово
-

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје
-

Кривична против неготинец, осомничен дека без документација изградил објекти и вршел угостителска дејност
-

Ги убивал за да ги задоволува половите страсти спрема мртви тела, детали од обвинението за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во постапката за проневера во ФФМ
-

АИ и кибер-одбраната во фокус на „Skopje Security Conference 2026“

