Гуаидо бара лидерите на Г-7 да разговараат за кризата во Венецуела

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо испрати писмо до лидерите на државите од Г-7 во кое ги повика во Бијариц да разговараат за кризата во неговата земја, соопшти венецуелскиот Парламент.
– Во писмото, Хуан Гуаидо бара од Г-7 да „координираат заеднички активности за воведување санкции за сите оние кои ги кршат човековите права и да се стави крај на страдањата на венецуелскиот народ“, се наведува во соопштението на Комисијата за надворешни работи во Парламентот, контролиран од опозицијата.
Гуаидо го нарекува венецуелскиот претседател Николас Мадуро узурпатор поради, како што вели, лажните претседателски избори во 2018 година. Мадуро е поддржан од Русија, Кина и Куба.
Политичката криза во Венецуела е проследена со рецесија, според ООН, на еден од четворица Венецуелци им е потребна итна хуманитарна помош, а инфлацијата, според Меѓународниот монетарен фонд, оваа година би можела да достигне 1 милион проценти.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
