Велешките пожарникари со апел да не се палат стрништа и оган на отворено

Територијалната протвпожарна единица од Велес деновиве имаше неколку помали интервенции за гаснење на стрништа и трева. Поради високите температури и опасноста од појава на пожари со големи размери, тие апелираат до земјоделците да не палат стришта, а граѓаните при престој во природа и шума да не фрлаат догорчиња од цигари и не палат оган на отворено.
Љупчо Лепидовски командир на ППЕ Велес во изјавата за МИА, информира дека деновиве имало помали пожари на стрништа и трева кои со нивната брза и навремена интервенција биле спречени пожари од пошироки размери во велешкиот регион.
– Апелираме до земјоделците на совесно однесување и да не се палат стрништата после жетвата, а воедно и до сите граѓани да се воздржат од фрлање догорчиња и палење на оган во природа и посебно во шума, бидејќи може да предизвикаат пожари со несогледливи последици, нагласува Лепидовски.
Посоочува дека и покрај ланското доекипирање со 15 нови пожарникари, сепак ТППЕ Велес со сегашните 29 пожарникари е под потребниот кадровски минимум, кој за велешкиот поширок регион изнесува минимум 43 пожарникари.
ТППЕ Велес секојдневно се соочува и со стари и дотраени возила за гаснење на пожари, а од вкупно шест, моментално две од возилата се неисправни и во функција се само четири застарени противпожарни возила.
Ново на Сител
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
