Реакција на мелничарите по договрената цена за пченицата

Мелничарите не се во состојба да исплаќаат повеќе од девет денари за килограм пченица која не ги исполнува параметрите за квалитет согласно Правилникот, наспроти увозот на евтино брашно од соседството кое се продава по 14 денари и со што практично, се уништува секторот, реагира денеска Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија.
Според Групацијата, цената од 11 денари која се презентира од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по заедничкиот состанок на производителите и преработувачите минатата недела, се однесува исклучиво за пченица која ги исполнува сите параметри пропишани со Правилникот за квалитет со цел производство на брашно за исхрана.
- Цената од 11 денара значи 10 денари за килограм откупена пченица без ДДВ и транспорт. Секоја друга пченица, која ќе биде понудена за продажба, а нема да исполни макар и еден параметар согласно Правилникот, ќе се откупува по 8, односно по 9 денари за килограм, без ДДВ и транспорт, наведува Групацијата.
Пченицата за која мелничарите ќе плаќаат 10 денари по килограм (без ДДВ и транспорт), а Министерството ја претставува како 11 денари, мора, како што се додава во соопштението, да ги исполнува следните стандарди: хектолитри над 76, влага максимум 12 отсто, примеси најмногу два процента, енергија минимум 60 сантиметри квадратни, број на паѓања по Хагберг најмалку 250, односен број од 1,4 до 2,4, протеини минимум 12, влажен глутен најмалку 24, седиментација минимум 30, степен на отпуштање најмалку 100 и растегливост минимум 130.
Ново на Сител
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
