-->
-->
Продолжува одржувањето на јавната чистота во Македонска Каменица
-->

Под мотото „Да градиме поубава и поздрава животна средина“, Јавното претпријатие „Камена Река“ од Македонска Каменица ја продолжува акцијата за одржување на јавната чистота во градот. Акцијата, како што информираа од претпријатието, ќе се реализира преку редовно перење и чистење на улиците „Македонска“ и „Илинденска“.
– Со оваа акција очекуваме дополнително да се придонесе кон зголемувањето на јавната чистота во градот. Во периодот на времетраење на акцијата граѓаните се должни да ги отстранат градежниот материјал и моторните возила од улиците, се со цел олеснета работа на екипите на терен и намалување на ризиците од несакани последици и штети по имотите на граѓаните, информираат од претпријатието.
Од претпријатието исто така соопштија дека поради дефект на водоводната мрежа денеска без вода за пиење ќе бидат жителите на Стара Каменица и Дулица.
– На споменатите места снабдувањето со вода од утринските часови е прекинато. Корисниците од овие населени места без вода ќе бидат се до санирање на дефектот, а екипите на ЈП „Камена Река“ интензивно работат на негово санирање, се вели во соопштението каменичкото комунално претпријатие.
Распоредот за чистење на останатите улици во Македонска Каменица дополнително ќе биде објавен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп - Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
