Баша: Рама најкорумпиран премиер на Балканот
Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша денеска сподели видео-порака во која наведува дека сите „меѓународни извештаи укажуваат на Еди Рама како најкорумпиран премиер на Балканот“.
Баша го обвинува својот опонент дека ја ограбува Албанија со банда олигарси, како и за перење пари од дрога и криминал.
-Сите меѓународни извештаи го вперија прстот кон Еди Рама како најкорумпиран премиер на Балканот. Тој ја ограбува Албанија со една банда олигарси и пере пари од дрога и криминал. За да ја заштити својата банда, Рама ги протера странските инвеститори и ги замени со своите клиенти,наведува Баша.
Во исто време обвинува дека за шест години на владеењето на Рама нема ниту една директна странска инвестиција.
-Ниту една странска инвестиција не донесе психичкиот крадец во Албанија за 6 години. Албанија и Северна Кореја се единствените земји на планетата без нови странски инвестиции во последните 6 години.Без странски инвестиции нема економски развој, нема нови работни места, нема просперитет,посочува тој.
Странските инвестиции, нагласува Баша, се задолжителни за секоја земја.
– Рама оди си. Албанија како Европа, ја завршува Баша видео пораката.
Баша претходно најави дека обединетата албанска опозиција во септември ќе продолжи со националните протести,додавајќи дека обрачот околу премиерот Еди Рама се стеснува и оти „времето да се поднесе сметка се приближува“.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска