КЦНА: Целта на вежбите на Јужна Кореја и САД е напад врз Северна Кореја

Целта на заедничките воени вежби на Јужна Кореја и САД е напад врз Северна Кореја, тврди Корејската централна новинска агенција (КЦНА).
– Добро е познат фактот дека САД и јужнокорејските власти, во текот на изминатите децении, станаа вешти во способностите за водење војна, постојано менувајќи ги и дополнувајќи ги оперативните планови на сите описи, кои претпоставуваат ненадеен превентивен напад врз Северна Кореја, се наведува во коментар на државната агенција на Северна Кореја.
Во коменатрот се додава дека целта на воените вежби, за кои се наведува дека се насочени против Северна Кореја, не е сменета, пренесува јужнокорејската агенција Јонхап. Агенцијата, исто така, ги критикува САД поради кршењето на договорот за денуклеаризација, постигнат на историскиот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур во јуни 2018 година.
– Ниту еден закон не предвидува дека една страна може да се откаже од обврските и дека само ние мора да ги исполниме… САД треба да имаат на ум дека предупредувањата, кои ги повторуваме, не се празна приказна, порачува агенцијата.
Пјонгјанг, исто така, вети дека ќе продолжи со развој на оружјето.
– Вистински одговор на отстранување на сите потенцијални и директни закани за безбедноста на нашата држава е постојан развој на моќни физички средства и нивно распоредување како за вистинска војна, се порачува во коменатрот, кој е објавен само еден ден откако Северна Кореја соопшти дека нема намера повторно да разговара со својот јужнокорејски сосед.
Јужнокорејската војска објави дека нивниот северен сосед вчера истрелал најмалку две ракети во море.
Северна Кореја упати протест поради одржувањето заеднички воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД, кои почнаа минатата недела, нарекувајќи ги „проба за војна“.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
