Димковски: В понеделник ќе се знае што ќе преземеме по најавата од Косово за забрана за увоз на компири и мед

По средбата в понеделник со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов ќе се знаат конкретните чекори што ќе ги преземе земјава по воведувањето забрана за увоз на компир и мед од Северна Македонија во Косово како реципрочна мерка за воведувањето забрана за увоз на рибен подмладок и икра од Косово, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.
Тој, во одговор на новинарско прашање дали ќе следи трговска војна со Косово на денешната прес-конференција во Владата, нагласи дека нема експлицитна забрана за увоз од Косово и додаде дека во земјава може да се увезува свежа косовска риба, но не и рибен подмладок и икра поради фактот што не спроведуваат мониторинг.
-По состанокот в понеделник ќе биде јасно што ќе преземеме. Косово нема експлицитна забрана за увоз на рибен подмладок и икра и треба само да докажат дека го спроведуваат мониторингот. Воедно, забраната за увоз на рибен подмладок и икра не се однесува само за Косово, туку и за сите останати земји кои немаат мониторинг, бидејќи земјава се подготвува од следната година да добие дозвола за извоз на свежа риба на европскиот пазар, рече Димковски.
Прецизира дека од земјава во Косово годишно се извезуваат од 40 до 1.000 тони компири, а извозот на мед е во вредонст од околу 400.000 евра годишно.
Ново на Сител
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
-

Бесплатен влез на натпреварите на Македонија за најмладите фудбалери
-

Зеленски побара од Трамп да воведе санкции против руски и кинески компании што изготвуваат нова сателитска мрежа
-

Мицкоски: Охрабрени сме од пораките од Фон дер Лајен, но не и од ставот за уставните измени
-

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра
