Русите во налет, Рублев го елиминира Федерер

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е сензационално елиминиран од мастерсот во Синсинати. Изненадувањето го направи рускиот тенисер Андреј Рубљев, и тоа со елиминација на големиот фаворит за само 62 минути.
За споредба, Швајцарецот толку брзо нема загубено на еден турнир уште од далечната 2003 кога во првото коло во Сиднеј загуби од Франко Скилари за само 54 минути игра.
Рубљев го совлада Федерер со 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.
„Ова ми е најголемата победа во кариерата, навистина не можам да верувам, ова е нешто неверојатно, до скоро ова го гледав на ТВ и си замислував, а сега“ – изјави Рубљев, кој е 70. на АТП-листата, за разлика од Федерер, кој е на третата позиција на светската тениска листа.
Швајцарецот ги образложи причините за поразот.
„Се мачев со сервисот, имав проблеми, не ги чувствував топчињата. Тој, од друга страна, играше сјајно, чисто и во одбрана и во напад, сервираше одлично. Одлично се движеше и навистина сум импресиониран од неговиот меч“ – рече Федерер.
Рубљев во борбата за полуфинале ќе се судри со сонародникот Данил Медведев.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
-

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина
-

Во Исар Марвинци откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
