Охрид дел од регионалниот Проект за дигитализација на културното богатство

Во Охрид денеска се организираше Инфо-ден за промоција на проектот „Интер-регионално управување со културното наследство, Е –систем” (Inter-regional Culturaл Heritage Management е-system), кој се реализира во рамки на програмата програмата „Interreg Balkan – Mediterranean 2014-2020″ на Европската унија.
Станува збор за иновативен електронски систем за дигитализација на наследството, што има добиено европска награда за иновативност. Со имплементацијата на проектот Охрид ќе биде дел од градовите со дигитализирано културното наследство, заедно со уште три балкански градови, кои се под заштита на УНЕСКО – Самос и Крф во Грција и Ѓирокастро во Албанија.
-Особено ме радува фактот, што имплементацијата на овој проект во Охрид се поклопува со нашите заложби и планови за подобрување на состојбата со заштитата на природното и културното наследство во Охридскиот регион и зачувувањето на статусот на УНЕСКО. Со низа мерки и активности веќе ја поведовме битката за зачувување на Охрид и преку посветена работа ќе ги вложиме сите напори за спречување на понатамошната деградација и девастација на овој регион и ќе се обидеме да ги поправиме сите штети кои се направени во минатото. Убеден сум, дека ќе успееме да извојуваме победа во целокупниот овој процес и дека нашиот регион ќе биде еден позитивен пример за исполнување на сите препораки кои ни се дадени од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, во насока на зачувување на статусот на заштитено подрачје, истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Покрај дигитализација на културното наследство, проектот има за цел да придонесе и кон развојот на културниот туризам и едукација на младите и туристите за значењето на културното наследство. Како резултат на проектот, се очекува oпштина Охрид, за прв-пат да добие дигитална мапа на културното наследство, во која ќе бидат опфатени околу 130 објекти кои имаат посебно културно значење за градот. Податоците од овој систем ќе може да се користат во насока на туристичка промоција, но и за други потреби на општината.
Ново на Сител
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
-

Истрели од огнено оружје во Арачиново, повредени две лица
-

Поставена и осветена биста на Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце
-

Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица
-

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл
