Руски академик: Нема опасност од радијација во реонот на Архангелск
Според податоците од Институтот за нуклеарна безбедност на Руската академија на науките добиени од системите за следење на зрачење, не постои опасност од зрачење кај локалното население по инцидентот за време на тестирање ракетен мотор на течен ракетен во регионот Архангелск. Тоа го изјави синоќа академик и директор на Институтот Леонид Болшов.
-Имаме податоци од системот за набудување на радијација преку интернет и во четвртокот видовме зголемување на позадинското зрачење во Северодвинск што траеше околу час и половина, рече Болшов, додавајќи дека позадинското зрачење е задржано на многу ниско ниво.
Како што објасни тој, зрачење од рентген апарат е многу поголемо.
-Набудуваното зголемување на радијацијата е илјада пати помало од зрачењето на една личност на рентген апарат или од она што го прима човек при летање со авион. Нема апсолутно никаква опасност за здравјето на луѓето, рече тој.
Инцидентот се случи во четвртокот на полигон за воени тестови на север на регионот Архангелск, кога се запали ракетно гориво, при што загинаа пет лица вработени во корпорацијата Росатом.
Ново на Сител
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
-

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје
-

Лишени од слобода три лица во Гостивар, пронајдена марихуана
-

Невреме и во Чешиново-Облешево, надлежните служби на терен ги санираат штетите
-

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал
