На протестите во Москва 50.000 лица побараа слободни избори

Околу 50.000 лица се собраа на вчерашните протести во Москва против исклучувањето на независни кандидати од локалните избори во септември.
Дозволениот собир беше ограничен на една московска авенија и мина без инцидентити. Стотици демонстранти сакаа да го продолжат протестот пред зградата на претседателската администрација, но близу беа распоредени бројни полициски сили, пренесува Хина.
Московската полиција соопшти дека на протестите се приведени 136 лица поради кршење на законот. Независни набљудувачи соопштија дека полицијата привела над 250 лица.
Невладината организација Комјутер Бланк, која се занимава со проценка на бројот на учесници на собири соопшти дека биле присутни 49.900 лица, додека руската полиција тврди дека биле 20.000.
независните кандидати, предложени од непарламентарната опозиција. Тоа значи дека ќе се проверува автентичноста на потписите на граѓаните, кои во постапката на предлагање поддржале одредени личности.
Обвинителството спроведува истрага за да утврди дали на тие списоци на поддршка се измислени личности или се навистина граѓани на Москва.
Ново на Сител
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
