Сервер: Не е мудра изјавата на Дачиќ за организирана поддршка на изборите за Трамп

Американскиот експерт за Балканот, Даниел Сервер, изјави дека „не е мудра“ неодамнешната изјава на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп на следните избори, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).
-Очигледно, Дачиќ смета дека има пријатели во сегашната администрација и сака да ги поддржи. Но, сè што постигна, е следниот американски претседател од редот на демократите, Дачиќ и евентуално Србија да ги смета за непријатели. Значи, ова воопшто не му беше мудро, предупреди Сервер.
Тој додаде дека „голема е грешка да се најавува сојуз со една или друга американска политичка партија затоа што секогаш постои реална можност за промена на власта“.
-Така што, ако го сторите тоа, тогаш мора да бидете подготвени да очекувате последици ако победи партијата што не ја поддржувате, изјави Сервер.
Според него, Американците сега ќе бидат многу повнимателни околу прашањето за влијанието врз изборниот процес за време на следните претседателски избори.
Дачиќ пред три дена изјави дека ќе организира Срби кои живеат во САД за да ја формализираат поддршката за Трамп на претседателските избори во земјата.
-Како министер за надворешни работи, јас ќе организирам формализирање на поддршката за Трамп на следните избори. Србите во Америка секако гласаат за Трамп. Ако го направиме тоа паметно, ако ги обединиме тие гласови, ќе создадеме подобра позиција во новата администрација, рече Дачиќ, кој потсети дека во САД живеат 650.000 Срби, како и дека истото тоа го сториле Албанците кога ги обединиле гласовите на нивната дијаспора.
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
