Македонија
22. November 2015 - 17:04

Двајца повредени од невремето во Гостивар

Двајца продавачи на зеленчук и овошје на тезга се полесно повредени откако поради силниот ветер вчера во Гостивар врз нив паднало дрво. Невремето со силен ветер и дожд беше причина и за други случаи на паднати дрва, пред се во центарот на градот околу паркот поради што се оштетени десетици возила и објекти. Оштетувања имаат и куќи од чии покриви паѓале керамиди.

Ветерот бил толку силен што поради тоа оштетени се и паднати семафори, сообраќајни знаци, бандери и рекламни билборди.

И во Мавровскиот регион имало оштетувања од ветрот, како и пријавени случаи на проблеми во снабдувањето со електричната енерегија. Пред Леуново имало одрон од камења на патот, што во текот на денешниот ден би расчистен.