Противпожарниот воз во секој момент на готовс

На железничката станица во Велес од 1 јули до 15 октомври во функција е противпожарниот воз со два вагона и четири резервоари цистерни со по 20 или вкупно 80 тони вода што ја покрива целата пруга во земјава од Велес до Гевгелија, Кременица Битола, Кочани, Кичево и Табановци.
Возот за кој во секој момент е обезбедена локомотива може да гасне пожари до 50 метри од двете страни околу пругата. Воедно со противпожарниот воз при случаи на големи пожари,а каде што нема услови од друмскиот сообраќај врши дотур на вода на противпожарните цистерни на противпожарите единици од сите градови долж пругата.
Како што информираат за МИА, од Железничката станица во Велес овој противпожарен воз во изминатите над 20 лета им бил на голема помош при голем број пожари на противпожарните единици од сите градови во земјава, а и на месното население долж пругата.
Возот воедно учествувал и при горење на сува трева и шума околу самата пруга.
Тие информираат дека возот ова лето за 40-тина дена, откако е во фунција немал интервенции, но екипата од три обучени пожарникари – еден командир и двајца пожарникари вработени во Македонски железници, во четири смени 24 часа се на подготвени.
Тие појаснуваат дека водата за резервоарите цистерни на противпожарниот воз се полни од хидрантите на секоја Железничка станица долж пругата.
Ново на Сител
-

Трамп ја опиша атмосферата од средбата со Шји и Путин како одлична
-

Пуштени во продажба влезниците за натпреварот на македонските кошаркари против Кипар во Скопје
-

Сараевски медиуми: Поднесено е обвинение против премиерот, министерот за полиција на ФБиХ и други поради примање мито
-

Мицотакис: Грција ги доби сите средства што ѝ следуваа од европскиот Фонд за закрепнување, вкупно 35,95 милијарди евра
-

Генералниот секретар на НАТО утре ќе ја посети Полска, на местото каде што денеска паднаа две руски ракети и дрон
-

Влада: Заштитата на жртвите е приоритет, насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања
-

Од понеделник продолжуваат дијагностичките испитувања за бруцелоза кај говедата
-

УЕФА ја казни англиската репрезентација поради расизам
