Падната топола го прекина железничкиот сообраќај кај Велес

Железничкиот сообраќај на релација Велес-Скопје синоќа беше 4,5 часа во прекин поради падната топола на пругата. Сообраќајот бил во прекин од 18,30 часот до 23 часот, а тополата ја сечече граѓани и таа наместо кон реката Вардар паднала на пругата.
Според првичните сознанија од МЖ направена била штета на контактна високонапонска мрежа од 25 000 KW и штети на пругата што треба да ги утврди комисија на МЖ.
-Поради тоа од Скопје не можел да тргне патничкиот воз кон Битола, а во Железничката станица во Велес стоеле два воза од Битола за Скопје и од Гевгелија за Скопје, а во застој биле и товарните возови од Гевгелија за Табановце и од Табановце за Гевгелија, информираат од МЖ.
Увид на местото на настанот направила екипа на МЖ-инфраструктура и на МВР.
Од ЈП МЖ апелираат до граѓаните кои сечат дрва покрај пругата претходно да бараат дозвола и за тие активности да контактираат и да добијат асистенции и инструкции од надлежните од МЖ.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
