За три години над 300 диви водокорисници во Кавадарци, некои си наводнувале и лозја

За три години над 300 диви водокорисници се откриени во Кавадарци, некои си наводнувале и лозја со вода за пиење. Оваа информација за МИА ја потврди Ѓорѓи Поп Ицов, директор на Јавното претпријатие ,,Комуналец”. Сите кои краделе вода, биле санкционирани.
-Станува збор за крадци на вода кои земале вода без таа да помине низ водомер. Ја злоупотребувале за базени, вадење бавчи па и лозја, рече директорот, нагласувајќи дека во моментов трите општини кои носат вода 50 километри од под планината Кожуф, имаат доволно вода за пиење. Иако, како што додаде, Кавадарци бележи 20 проценти зголемена потрошувачка на вода периодов, поради горештините.
-Особено зголемена потрошувачка имаме во периодот од 18 до 21 часот, кога се трошат и до 300 литри во секунда. Општо земено, во земјава, по глава на жител, се троши многу повеќе вода отколку во развиените земји, рече Поп Ицов.
Тој апелираше до кавадарчани водата за пиење да ја трошат крајно рационално и да пријавуваат дефекти или кражби на вода. Нивни екипи се на терен и откриваат злоупотреби на водата.
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
