Четири милиони евра од ЕБОР за енергетска ефикасност за домаќинствата
Нови четири милиони евра се достапни од ЕБОР наменети за инвестиции во зелена енергија. Средствата ќе се пласираат преку Охридска банка АД Скопје, а ќе поддржуваат подобрување на енергетската ефикасност на резиденцијалните згради, ќе помогнат во намалување на гасовите кои создаваат ефект на стаклена градина и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата.
Финансирањето е од Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ), а средствата ќе бидат понатаму позајмени за поддршка на инвестициите на домаќинствата во зелени технологии, материјали и мерки како што се бојлери, прозорци и осветлување.
Во соопштението се оценува зградите во земјата имаат итна потреба од реновирање и поставување изолација, што ќе ги намали трошоците за потрошувачка на енергијата и ќе ја зголеми удобноста.
Охридска Банка АД Скопје е долгогодишен партнер на ЕБОР, лидер на пазарот на зелени резиденцијални проекти во Северна Македонија.
Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) во Северна Македонија е дел од Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) за Балканот во износ од 85 милиони евра, лансирана во 2017 година. Програмата е заедничка инцијатива на Европската Унија (ЕУ), Министерство за финансии на Австрија и земјите кориснички на фондовите од Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ). Имплементацијата е под Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (РПЕЕ ЗБ плус), финансирана од ЕУ и имплементирана во партнерство со Секретаријатот за енергетска заедница. ППЕЕ ЗБ Плус има донесено политика за поддршка на хармонизацијата на законите за енергетска ефикасност и регулативите за енергетска ефикасносот за зградите, согласно релевантните Европски директиви.
ЕБОР до сега има инвестирано над 1,9 милијарди евра во над 110 проекти во земјата.
– Поддршката на зелената енергија е приоритет на Банката, бидејќи е еден од најактуелните предизвици со кои се соочува земјата. Главниот град на Северна Македонија, Скопје неодамна се приклучи на иницијативата ЕБОР Зелени градови, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
-

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна

