Варвициотис: Комисија во име на грчката влада го следи спроведувањето на Договорот од Преспа
Грчката влада преку комисија го следи спроведувањето на Договорот од Преспа, откри алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервјуто за грчкото радио „Параполитика“, jави дописничката на МИА од Атина.
– Постои една комисија која што е за книгите, а од друга страна постои една комисија што во име на грчката влада, го следи проведувањето на овој договор, рече Варвициотис во интервјуто.
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција додаде дека Договорот од Преспа е договор кој „не одговори на стандардите, на националните стандарди“ на грчката страна и објасни дека тие како влада, сега се справуваат со последиците, односно управуваат со спроведувањето на договорот и со „прашањето поврзано со грчките производи што го носат називот Македонија“
Ново на Сител
-

ЦУК: Регистрирани 26 пожари на отворен простор, пет се активни, шест се под контрола, а 15 се изгаснати
-

Горивата со нов скок - дизелот поскап за 6, бензините за 3 ден/л
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито

