-->
-->
Армијата доби 125 професионални војници
-->
125-мината ново примени професионални војници ги добија договорите за вработување во армијата. Во велешката касарна Алексо Демниевски - Бауман, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска ги врачи договорите за вработување на новите професионални војници. 
- Армијата не може без вас и таа ве избра за процесот на стратешки приоритети на државата односно членството во НАТО. По потенцијал сте еднакви со модерните армии од светот, а како полноправна членка на НАТО нашата видливост ќе биде уште поголема и по три декади ќе станеме полноправен член на Алијансата, рече министерката за одбрана Шеќеринска.
Таа додаде дека до крајот на годината ќе се вработат уште 125 професионални војници а во исто време ќе се работи на подобрување на модернизирање на армијата.

Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
-

Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
-

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година
-

Трамп не верува дека Кина и Русија му помагаат на Иран
-

Асистенција и црвен картон за Елмас во победата на Аталанта над Венеција
-

Трибина посветена на декларацијата за безбедност при работа на здравствените работници
