Приведени осум лица на подрачјето на Прилеп барани со потерници

Полицијата денеска приведе осум лица на подрачјето на Прилеп, кои се бараат по потерници, наредби од судови, затворски и други институции.
– Од слобода се лишени осум лица за кои Основниот суд Прилеп имал издадено наредба за нивно приведување и спроведување во соодветните казнено поправни установи, соопштија денеска од МВР.
Oд слобода се лишени М.С. (31), осуден на казна затвор од две години и шест месеци во КПУ Прилеп, Ј.С. (25), осуден на тримесечна казна во КПУ Прилеп, А.А. (37) со седуммесечна казна во КПУ Идризово, С.М. (37) со едногодишна казна во КПУ Идризово, Б.Г. (37) со седуммесечна казна во КПУ Идризово, О.Е. (42), со шестмесечна казна во КПУ Прилеп, Б.Т. (67) со шестмесечна казна во КПУ Прилеп и Ж.В. (43), исто така со шестмесечна казна во КПУ Прилеп.
Денешното приведување, појаснуваат од МВР е реализирано од страна на Криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции, во координација и соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Полицската станица – Прилеп, а по претходно изготвен план и оперативни активности за нивно лоцирање.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
