-->
-->
Акција за чистење на планината Голак
-->

Екипи на Јавното претпријатие „Брегалница“ со поддршка на Територијалната противпожарна единица од Делчево извршија чистење на планината Голак. Акцијата што беше во организација на Општина Делчево ги опфати локациите кои се најпосетувани од туристите и локациите каде вечерта на 8 август ќе се одржува традиционалниот фолклорен настан „Голачки фолклорни средби”.
– Во рамките на акцијата беше исчистено ѓубрето, искосена зелената површина, беше извршено и перење на летната сцена, спортските терени и на дел од патот, а санирана е и урбаната опрема, односно обновени се клупите и летниковците. Исто така, поставени се канти за отпадоци и контејнери, а за излетниците ќе бидат обезбедени и ќеси за отпад.
Акцијата за чистење на Голак го опфати и делот покрај манастирот „Св.Пантелејмон” на највисокиот врв на Голак, Чавка каде по традиција на денот посветен на овој светец, присуствуваат илјадници гости.
Од Општина Делчево и од ЈПКД „Брегалница“ апелираат до граѓаните да ја почитуваат животната средина и со свој пример за време на одржување на настанот да придонесат за чистотата на планината Голак и отпадоците да ги фрлаат на места определни за тоа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
