-->
-->
Мртов крокодил пронајден под училиштен под во Велс
-->

Вработени во училиштето „Исгол Гyнрад Гyмраег Бодрингалт“ во велшкиот округ Ронда откриле леш од крокодил закопан под подот на една училница.
Британските медиуми пренесуваат дека се претпоставува оти влекачот некогаш бил изложен за потребите на самото училиште.

Директорот на установата, Нил Пајк, изјави дека приказни за закопан крокодил веќе со десетлетија кружат како урбана легенда, која сега се покажала вистинита.
– Сум слушнал дека родителите и вработените во училиштето го закопале крокодилот под објектот некаде меѓу двете светски војни, раскажува тој.
– Или повторно ќе го закопаме или ќе го изложиме. Ќе видиме…, додаде Пајк.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
-

Утре силен јужен ветер и температури над просекот
-

Приведени 8 возачи во изминатото деноноќие, 6 возачи управувале возило без положен возачки испит
-

Кибернапад во Швајцарија: Украдени лични и медицински податоци на пациенти и вработени
